Настани
Конкурс за регионални музички ѕвезди на фестивалот „Бисер на Јадранот“
Регионалниот музички фестивал „Бисер на Јадранот“ го отвори конкурсот за нови композиции за Регионалната вечер, која ќе се одржи на 19-ти јули 2025 во Тиват. Изведувачи од Македонија, Србија, БиХ, Хрватска и Словенија можат да се пријават до 14-ти мај, а песните што ќе бидат испратени мора да бидат оригинални и досега необјавени.
Пријавувањето започна на 14-ти февруари и трае до 14-ти мај. Фестивалската комисија ќе ги извести апликантите до 10-ти јуни дали нивната композиција е прифатена. Финално аранжирани верзии треба да се достават до 1-ви јули 2025.
Фестивалот гарантира ТВ пренос во живо, медиумска покриеност и настап на главната сцена за избраните учесници. Вкупниот наградeн фонд изнесува 12.000 евра, распределен за настапите на 18-ти и 19-ти јули.




