Настани
На денешен ден пред 20 години роден е ЕГЗИТ!
Со настапите на „Урбана герила“, диџеј Факир и „Ди Фејс“, на 29 јуни 2000 во паркот на Универзитетот во Нови Сад покренат е летниот фестивал „ЕГЗИТ Ноиз“ (EXIT Noise Summer Fest).
Фестивалот тогаш траеше скоро 100 дена во кои секојдневно се одржуваа бесплатни концерти, забави, претстави, филмски проекции, изложби, трибини, перформанси… Покренат од страна на група студенти со намера да креираат свое движење за мир и слобода во Србија и на Балканот, проектот беше замислен како алтернативен културен модел наспроти оној кој беше пласиран за време на деведесеттите години од страна на државните медиуми, со цел да ги мотивираат младите да излезат на изборите на кои конечно беше симнат режимот на Слободан Милошевиќ.
Фестивалот имаше две бини, „Шума“ позиционирана во паркот на која се одржуваа концертите и „Река“ преку патот на брегот на Дунав на која настапуваа најдобрите локални диџеи. Тогаш никој не можеше ни да замисли дека овие две бини само година дена подоцна ќе прераснат во Главна бина (Main Stage) и Денс Арена (првобитно именувана DJ stage) на меѓународниот музички фестивал на Петроварадинска тврдина. Фестивалот во 2001 траеше девет дена, додека во 2003 беше прогласена „Држава на Излез“ (State of EXIT) по што фестивалот ја добива својата препознатлива форма од четири дена.




