Настани
Фестивалот „Скопје колинг“ презакажан за 12-ти септември
Со голема надеж и оптимизам дека планетата Земја наскоро сепак ќе се врати во и со нормално темпо на живеење, Авалон продукција информира дека поради актуелната состојба со корона вирусот, одлучено е да се презакаже фестивалот Skopje Calling за 12-ти септември (наместо на 05-ти јуни) на истата локација, стадионот на АРМ.
VINI VICI, MAHMUT ORHAN, KIRIL DJAIKOVSKI и CYRILLIC, како и нивните менаџменти го делат нашето мислење и артистите го потврдија своето доаѓање на 12-ти септември во Скопје.
Иако состојбата на глобално ниво постојано се менува, сепак приоритет на Авалон продукција отсекогаш била безбедноста на нашата публика, на артистите и на сите луѓе кои се инволвирани во реализација на фестивалот.




