Националната опера и балет ја најавува изведбата на операта „Магбет“
„…Лажното лице мора да го скрие она што го знае лажното срце…“ – В. Шекспир, Магбет
Драма, можеби една од најзначајните на Шекспир, што ги отвора прашањата за човековата психологија, алчност и желбата за власт кои го уништуваат здравиот разум.
Ова е оперското дело со кое Џузепе Верди воспоставува уметничка врска со Шекспировите драми, па правејќи бројни исклучоци од традиционалната италијанска опера и промена во личниот музички израз, ни ја претставува приказната за деструктивноста на човековата природа, преку главните ликови на Магбет и Леди Магбет.
Состојбата на нивниот дух која носи фатални последици и загрозува многу човечки судбини, на сцената на Националната опера и балет ќе ја донесат првенците Борис Трајанов и Весна Ѓиновска Илкова.



