„Гола месечина“ од 28 септември до 3 октомври
Фестивалот на комедијата „Гола месечина“ ќе се одржи следната недела, почнувајќи од 28 септември до 3 октомври.
Фестивалот, кој е во организација на Општина Аеродром и НУ „Театар комедија“ ќе се одржи според сите утврдени протоколи за организирање манифестации од отворен карактер.
Поради тоа, оваа година „Гола месечина“ ќе биде на нова локација, на фудбалското игралиште покрај детската градинка „Сонце“ во Реонски центар.




