Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Градски паркинг“ наскоро започнува со наплата на паркингот во Ново Лисиче и Реонски Центар

Скопје

„Градски паркинг“ наскоро започнува со наплата на паркингот во Ново Лисиче и Реонски Центар

Паркирањето во Ново Лисиче и Реонски Центар наскоро ќе биде под наплата, соопшти денеска в.д. градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески. Новиот режим, кој ќе го спроведува ЈП „Градски паркинг“, треба да стартува најдоцна до крајот на септември.

Митески објасни дека проектот за зонско паркирање е веќе подготвен од страна на Општината и дека во моментот се чека одобрување од Град Скопје и МВР. По добиената зелена светлина, веднаш ќе започне означувањето на паркинг-местата и поставување на соодветна сигнализација.

„Се планира истовремен старт на зонскиот режим и во Ново Лисиче и во Реонски Центар, со цел да се избегне прелевање на возила од едно кон друго маало“, нагласи Митески.

Маркетинг

Жителите одамна алармираат дека паркирањето станува сè поголем проблем, бидејќи просторите пред зградите ги заземаат и возила на луѓе кои работат во други општини, каде паркингот веќе се наплатува. Со воведувањето на зонското паркирање, се очекува поголем ред и олеснување за локалното население.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Скопје

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.