Настани
Хичкоковaтa „Уцена“ оживеана преку студентите на FAME’S Институтот
Скопје ќе биде домаќин на извонреден настан на 16-ти септември со почеток во 20 часот, во рамките на Фестивалот на нем и класичен филм на Националната Кинотека на Северна Македонија, во соработка со Кино Балкан.
Познатата 74-минутна музичка композиција на Нил Бранд за немиот филм на Алфред Хичкок „Уцена“ (1929), ќе биде премиерно изведена во живо од страна на студентите од Институтот FAME’S, прикажувајќи ја уникатната моќ на живата оркестрална придружба за неми филмови. Изведбата ќе биде водена од Маестро Мириан Хухунаишвили и ќе го претвори овој безвременски трилер во незаборавно кино и музичко искуство.
Оваа изведба ќе биде финале на еднонеделниот оркестарски курс со наслов „Филмска Музика“ во рамки на програмата на Институтот FAME’S, поддржана од Креативна Европа, кој ќе им овозможи на студентите да стекнат искуство од областа на филмската музика и да работат под менторство на диригент со светска репутација.





