Настани
Концерт на пијанистката Лола Астанова во Скопје
Светски познатата пијанистка Лола Астанова на 2-ри јуни ќе настапи во Македонската Филхармонија. Единствена по својот музички израз, позната по иновативната аудио-визуелна изведба на пијано, екстремниот број следбеници на социјалните мрежи, но и голем број обожаватели ширум светот, Лола на Скопје ќе му приреди, ексклузивен и интимен концерт.
Домашната публика ќе има уникатна можност да ужива во еден фасцинантен и емоционален концерт на атрактивната пијанистка, која со нејзиниот талент успеа да го сврти вниманието на великаните, како Андреа Бочели, Џон Корбет, музичкиот продуцент Дејвид Фостер, легендарниот пијанист Бајрон Џенис, 2 Cellos, па дури и поранешниот Американски Претседател Доналд Трамп.
Покрај тоа што Лола е вистински виртуоз на пијано, таа особено плени со својот атрактивен изглед. Астанова, која сега важи за една од најбараните пијанистки во светот, го започна своето музичко патување на осумгодишна возраст. До денес, како што велат критичарите, таа има постигнато врвна техника на пијано во комбинација со длабока музичка сензуалност и уникатно чувство за мода.





