МАКФЕСТ 2021: Победник е дебитантот Александар Тодоровски со песната „Под исто небо“
Александар Тодоровски со песната ,,Под исто небо“ е победник на овогодинешното 36. издание на „Макфест“.
– Не ми се верува. Им благодарам на сите. Со огромна почит кон фестивалот, соништата се остваруваат – порача победникот.
„Под исто небо“ е песната која освои најмногу гласови и од публиката и од стручното жиро. Музиката и текстот се на Ристо Самарџиев, а аранжманот е на Давор Јордановски.





