„Еми“награди: „The Crown“ и „Ted Lasso“ најуспешни во главните категории
Синоќа беа доделени наградите „Emmy“ за најуспешните во телевизиската индустрија.
Драмата „The Crown“ и комедијата „Ted Lasso“ освоија главни награди на доделувањето на големите телевизиски награди „Emmy“ во неделата, додека „The Queen’s Gambit“ беше прогласена за најдобра мини серија.




