Настани
Мултимедијална промоција на романот „Не ѝ верувај на баба ти“ од Натали Спасова
Во понеделник, 27 јануари, со почеток во 20:00 часот, во кафе-книжарницата Буква ќе се одржи мултимедијална промоција на новиот роман на познатата авторка Натали Спасова, насловен „Не ѝ верувај на баба ти“.
Ова е четврто книжевно дело на Спасова, по успешните романи „Прва љубов во розевата улица“, „Запалка“ и „Двете принцези“, кои веќе се преведени на украински, српски, бугарски и англиски јазик. Натали е исто така позната и како драматург, со театарски дела како The Visitor, Dreamcatcher, The Last Slav on Earth и Два пати Мери, чија последна изведба е инспирирана од поглавје од нејзиниот нов роман.
Содржина на романот
„Не ѝ верувај на баба ти“ ја раскажува приказната за Анастасија, тинејџерка која исчезнува на пат кон училиште. Но, ова не е само приказна за нејзиното исчезнување. Романот ги следи животите на девет обични луѓе, кои никогаш не ја сретнале Анастасија, но се дел од поширокото општество. Според Спасова, книгата отвора прашања за моралните судови на едно општество кое лесно осудува, премолчува, и затвора очи пред болките на другите.




