Настани
Националниот џез оркестар со Рамбо Амадеус понуди врвно доживување на отворањето на Сараево џез фестивал
Богати аранжмани, врвната музичка изведба и хуморот на Рамбо со долгите овации од публиката, го направија овогодинешното издание на Сараево џез фестивал, врвно доживување со кое на најдобар начин започна овогодинешното музичко патување на Сараево џез фестивалот (Jazz Fest Sarajevo 2024), пишуваат сараевските медиуми по концертот на Националниот џез оркестар и Рамбо Амадеус што се одржа на 6 ноември во Народниот театар во Сараево.
Концертот беше распродаден еден месец однапред – Народниот театар во Сараево беше претесен за многубројната публика, и според написите кои осамнаа во саревските медиуми, настапот ќе се памети долго а ова фестивалско издание не можеше да има подобра увертира.






