Над 30 говорници и панелисти на Балкански претприемачки самит во Скопје
Балканскиот претприемачки самит кој на 13. септември 2019 ќе донесе над 30 говорници и претприемачи во Скопје ќе биде уникатен настан кој ќе помогне во економскиот развој.
Неговата цел е на едно место да обедини бизнисмени од Македонија, Албанија, Бугарија и Србија за да ги поврзе во меѓусебна соработка која во иднина ќе отвори нови можности за сите. Истиот е во организација на Creative Hub, кои оваа година се најдоа на листата на Форбс, и Стопанската комора на Македонија.
Балканскиот претприемачки самит ќе биде целодневен настан исполнет со панел дискусии, презентации, разговори со голем број домашни и странски говорници.




