Настани
Не ја пропуштајте најжешката журка за оваа година: HEAT пристигнува во Скопје!
Ги слушнавте ли новостите? Heat го враќа духот на старо Скопје и најдобриот ноќен живот во легендарниот клуб Колосеум што сите го паметиме!
Градот убав пак ќе никне, на 16 Ноември во Скопје Евент Центар или како што љубителите на електронската музика подобро го познаваат екс Колосеум. На покана на Andrew Meller носителот на брендот Heat, ни доаѓа холандската ДЈ ѕвезда Funkerman, кој со битот на електронската музика на која пред 10-15 години шизевме ќе не одведе на едно незаборавно патување. Сите го знаат по неговиот хит „Speed Up“ и познатиот ремикс ,,Dopamine“.
По потекло од Србија, Andrew Meller се етаблира како артист на електронската музичка сцена, во врвот на топ листите со изданија на престижни етикети и наелектризирани сетови на врвни фестивали како Exit, Untold, Green Love Festival, BBM, BSH Amnezia и многу други.




