Настани
Објавена програмата на 44 издание на ИФФК „Браќа Манаки“
Директорот на ИФФК „Браќа Манаки“ Симеон Мони Дамевски го објави добитникот на Специјална златна камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност на 44. Фестивалско издание што ќе се одржи од 23 до 29 септември.
Шејмус Мекгарви ќе ја добие „Специјална златна камера 300“ на „Браќа Манаки“.
Кинематограферот, чиј ракопис стои зад долгогодишната тандемска соработка со Џо Рајт („Покајание“, „Ана Каренина“, „Сирано“), зад „Ноќни животни“ (режија Том Форд), „Треба да разговараме за Кевин“ (Лин Ремзи), „Светски трговски центар“ (Оливер Стоун), „Часови“ (Стивен Долдри), „Висока верност“ (Стивен Фрирс), „Бакнежот на пеперутката“ (Мајкл Винтерботом), како и зад епизодата „Скок на глава“ од серијата „Црно огледало“, за која освои ЕМИ награда и БАФТА номинација за најдобра фотографија (кинематографија), оваа година во Битола ќе стане дел од големото филмско семејство на Фестивалот како добитник на Специјална Златна камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност.





