Настани
Одбројување до 27. Златна бубамара на полуларноста!
Насмејте се, ќе се сликаме!
Ги одбројуваме деновите до одржувањето на 27. Златна бубамара на популарноста, закажана на 22.02. во арената „Борис Трајковски“. Картите за овогодишниот спектакл се продадоа со рекордна брзина – зашто кај нас, ако имате карта, не ви треба нова лична карта ни пасош. Освен тоа, кај нас забавата секогаш е – безгранична.
Поради големиот број апликации, денес се пуштени уште дополнителни и последни 150 карти за овогодишната манифестација, на која закажуваме заедничко фотографирање за пасоши и лични карти, а може и за возачки дозволи.




