Настани
Apocalyptica Plays Metallica Vol.2 Tour 2024 во Скопје!
Една од најжестоките светски лајв атракции, symphonic metal бендот Apocalyptica доаѓа во Скопје за отварањето на 26.Таксират Фестивал!
Ова е нивната досега најатрактивна и најголема светска турнеја со наслов „Apocalyptica Plays Metallica Vol.2“, а кај нас ќе бидат гости на 29-ти ноември во „Борис Трајковски“. Спојувајќи ја класичната музика со хеви метал како никој досега, Apocalyptica за кратко време станаа светска атракција!
Со оваа оригинална идеја и врвна интерпретација на најголемите хитови на Metallica, момците од Apocalyptica докажаа дека универзалниот јазик на одличната музика не познава жанровски ограничувања, а резултат на тоа се и стотиците илјади продадени албуми, бројни турнеи и фанови ширум светот.




