Настани
Трите распродадени концерти на Здравко Чолиќ, одложени за 2, 3 и 4 јуни
Поради ужасната трагедија во Кочани, трите распродадени концерти на Здравко Чолиќ со Симфониски Оркестар, кои требаше да се одржат на 18, 19 и 21 март во Скопје, се одложени и ќе се реализираат на 2, 3 и 4 јуни во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Сите веќе купени влезници важат соодветно за новите термини и истите не треба да се заменуваат. За оние купувачи кои поради оваа промена не можат да присуствуваат на концертот, ќе биде овозможена рефундација на билетите, за што треба да испратат барање, од 26 март до 6 април, на и-мејл: [email protected] .
Бидејќи со оваа промена и третиот концерт ќе се одржува во арената „Борис Трајковски“, наместо во СЦ „Јане Сандански“, поради поголемиот капацитет на салата се отвора можност и за дополнителни билети кои се достапни во продажните места на МкТикест и онлајн на следниот линк: https://mktickets.mk/event/zc3/




