Настани
Почнува 8. МФФ Киненова: Храбри филмски авторски гласови од цел свет со нивните деби филмови
Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денеска во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на МФФ Киненова.
-За ова осмо фестивалско издание на МФФ КИНЕНОВА, во кино салите во Скопје, низ играта на светлото, сенките и боите на филмската проекција ќе се изнедрат универзуми на 8 нови храбри филмски авторски гласови од цел свет со нивните деби филмови, преку кои на вас драга публико ви подаруваме можност да го видите светот во целина, така што ќе можете да ги видите актуелните приказни од Бразил, Англија, Шпанија, Иран, Грузија, Македонија, Србија и Украина и сите заедно да придонесеме во градење на една нова цивилизација на повисоки вредности, вели Небојша Јовановиќ, директор на Фестивалот.
„Киненова“ поставува стандарди и за нас и за оние чии илузии значат поттик за нов филм, нова одисеја, нова одлука, нов сетилен допир.




