Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Концерт на Јелена Розга во „Борис Трајковски“: Од утре во продажба и ВИП-пакетите

Настани

Концерт на Јелена Розга во „Борис Трајковски“: Од утре во продажба и ВИП-пакетите

По неколкуте спектакуларни концерти во регионот, Скајмјузик за почетокот на следната, 2024 година, го закажа големиот скопски концерт на една од најпопуларните ѕвезди на овие простори – Јелена Розга, која во рамки на турнејата „Минут срца мог“ на 10 февруари ќе настапи пред публиката во арената Борис Трајковски!

Јелена Розга, кралицата на поп-сцената и миленичката на сите генерации, е позната по своите врвни настапи и неверојатната харизма, а нема сомнеж дека низ арената во Скопје ќе прозвучат хитовите од соло кариерата на Јелена, како што се нумерите „Бижутерија“, „Окус ментола “, „Нирвана“, „Соло играчица“ и неизбежниот „Цунами“, но и оние што ги пееше додека беше во групата Магазин, каде и ја стартуваше кариерата.

Спектаклот ќе биде заокружен со врвната аудио-визуелна продукција потпишана од Skymusic продукција.

Влезниците за големиот солистички концерт во Скопје веќе се пуштени во продажба, и тоа преку www.efinity.rs, преку бесплатната апликација eFinity, како и преку веб-страницата www.kupikartizase.com и на сите нивни продажни местаи тоа по цени од 1000 денари за партерот, 1500 за фанпитот, сребрените и златните седишта чинат 1300 и 1800 денари, додека влезниците за ВИП делот се продаваат по цена од 2200 денари.

Од утре преку www.kupikartizase.com достапни ќе бидат и ВИП пакетите – резервација за висока маса + 4 влезници + шише Johny Walker или Ј&B + 4 лименки Red Bull чини 12.500 денари, а резервација за висока маса + 4 влезници + шише Johny Smirnoff или Gordon’s + 4 лименки Red Bull – 11.500 денари.

 

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.