Настани
Прославениот Роман Симовиќ и камерниот оркестар „Профундис“ ќе настапат во Филхармонија на 16 октомври
По спектакуларниот мултимедијален спектакл „ГРУВ“ и интернационалните гостувања на „Раванелиус“, „Котор Арт“ и настапот во Нови Сад со Ирина Мурезану, Профундис ја крунисува концертната сезона со ексклузивното гостување на прославениот концерт-мајстор на Лондонската филхармонија Роман Симовиќ во Скопје.
Виртуозниот Симовиќ и камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, ќе настапат на концертниот спектакл „РОМАН“ на 16 октомври во големата сала на Македонската филхармонија со почеток во 20:30 часот.
– „Голема е честа концертната сезона на камерниот оркестар „Профундис“ да се круниса со гостувањето на брилијатниот Роман Симовиќ со заеднички настап на нашата сцена. Се надевам дека ќе ги пренесеме емоциите и виртуозноста на овој спектакуларен концерт во срцата на нашата публика, создавајќи незаборавно музичко искуство.“ – вели Ѓурѓица Дашиќ, уметнички раководител на камерниот оркестар.




