Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Премиера на современиот балет „Сага“ во Националната опера и Балет

Настани

Премиера на современиот балет „Сага“ во Националната опера и Балет

На 6 и 7 октомври со почеток во 20.00 часот ќе се одржи премиерата на современиот балет „Сага“ .

„Сага” (идентитети) е возбудливо патување низ ритамот на седмата осмина. Низ заедничка креација со Националниот балет, кореографката Рисима Рисимкин, на извонредната музика на композиторот Тони Китановски, сценографијата на Матеа Мијановиќ и костимите на Благој Мицевски, ги открива идентитетите на Црвената и Црната нишка, кои ги толкуваат примабалерините Марија Кичевска Шокаровска и Мими Поп-Алексова Атанасовска, Пиреј со првенецот Бобан Ковачевски и гостинот Балаж Лочеи (Унгарија), Везилката со Саша Евтимова, Прелист со Наташа Трендафилова-Гицев, Трепетлика со Илијана Данилов, Ѓул со Христина Наќевска.

Со еден збор обединети со комплетниот ансамбл на Националниот балет создаваат претстава за луѓето, поминуваат низ историјата и се задржуваат на сегашноста. Либретото се базира врз народни преданија и современа поезија на македонски автори, во кое централно место зазема песната „Везилка” на великанот Блаже Конески.

„Ме радува моментот на соединување со ансамблот на Националниот балет, по подолг период и се радувам на можноста на заедничката креација со извонредните солисти и ансамблот, кои беа реална инспирација за создавање на „Сага”, вели кореографката Рисимкин.

 

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.