Настани
Првиот “Фестивал на инклузија” како платформа за културно и уметничко славење на животот
Здружение за афирмација на правата на лицата со попреченост – Икуалити го организира првиот фестивал на инклузија и уметност, кој ќе се одржи во понеделник, 24 октомври, во „Тренд Гастро Бар“ во општина Аеродром.
Фестивалот има за цел да внесе нова културно-уметничката содржина на Скопје и да ја запознае публиката со креативноста и уметноста на лицата со попреченост, а на сите заинтересирани изведувачи и излагачи да им обезбеди платформа каде што ќе можат да ја претстават својата креативност во сите уметнички форми: од уметност и музика до перформанс и применета уметност.
Основната цел на оваа манифестација е социјална интеграција на лицата со попреченост преку промоција на нивните можности, како и намалување на општествениот јаз и одржување кохезија.




