Настани
Концертен спектакл: „Индекси и пријателите“ во Скопје по повод 60-тиот роденден
Паралелно со големиот интерес од публиката за концертниот спектакл „ИНДЕКСИ И ПРИЈАТЕЛИТЕ“, расте и бројот на исполнувачи кои ќе се појават во Скопје на 28 октомври 2022 од 20 часот во Филхармонија.
По повод 60-годишнината од основањето на култниот сараевски бенд компанијата MUSIC TIME организира и продуцира пет големи регионални концерти, од кои еден ќе се одржи и во Скопје. Дека станува збор за спектакл говори и фактот што речиси половина од капацитетот на концертната сала се распродаде во првата недела по најавата за настанот, каде на сцената се очекува да се појават 20-тина врвни изведувачи и музичари од регионот.
Овој интересен и емотивен проект ни ги носи безвременските хитови како „Bacila je sve niz rijeku“, „Sanjam“, „Balada“, „Da sam ja netko“, „Sve ove godine“, „Plima“, „Jutro će promijeniti sve“. Од различни краеви на светот за концертот се собираат живите членови на бендот: Фадил Реџиќ, Нено Јурин, Мирослав Шарановиќ, Синан Алимановиќ, Пецо Петеј, Владо Правдиќ, легендарниот клавијатурист на Бијело Дугме кој музичката кариера ја започна во Индекси, и гитаристите Мурис Варајиќ и Иван Кукиќ.





