
МК Сцена
Игор Џамбазов со трогателна изведба: „Ако утре ме нема“ како опомена за сите нас (ВИДЕО)
Минатата сабота, на 16 март, Македонија се разбуди во шок. Трагедијата што ја потресе целата земја – пожарот во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани – однесе 59 животи, а повеќе од 100 лица беа повредени. Првичниот шок помина, но болката останува, тишината зборува повеќе од зборовите, а загубата ќе остане како длабока рана во македонското општество.
Седум дена подоцна, семејствата на загинатите, пријателите и целата јавност продолжуваат да тагуваат. Трагедијата остави неизбришлива трага, потсетувајќи на кревкоста на животот и на неопходноста од строги безбедносни мерки во јавните објекти.
Игор Џамбазов со емотивна посвета: „Песнава ме прогонува…“
На точно една недела од несреќата, актерот и шоумен Игор Џамбазов на своите социјални мрежи објави видео во кое ја изведува песната „Ако утре ме нема“ од ДНК – песна која, за жал, стана симбол на оваа трагедија.



