„Ready, set, grow! – тема на Четвртата годишна конференција за е-трговија
Под мотото „Ready, set, grow!” на 12 ноември 2021 година (петок) по четврти пат ќе се одржи годишната конференција за е-трговија, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.
Конференцијата годинава ќе се одржи во хибриден формат, односно учесниците ќе имаат можност да одберат дали преферираат учество на конференцијата со физичко присуство, со следење на сите актуелни протоколи против ширење на пандемијата, или пак да ја следат конференцијата преку интернет, од удобноста на својот дом или на работно место.
Организаторите, како и претходните години, најавуваат висококвалитетна програма исполнета со бројни истакнати меѓународни и домашни говорници кои преку предавања, панел дискусии и неформални разговори ќе ги пренесат своите експертизи и искуства од областа на е-трговијата, дигитализацијата и дигиталниот маркетинг.
Главниот акцент оваа година ќе биде ставен на можностите за раст на бизнисите во е-трговија, по многубројните адаптации што беа направени речиси во сите сфери на работењето, како одговор на глобалната пандемија.




