Љубојна ќе одржи акустичен предновогодишен концерт во „НОБ“
Преголема е возбудата кога најавуваш убави нешта, па затоа со огромно задоволство организаторите најавуваат дека на 22.12 со почеток од 19:30ч. во Националната Опера и Балет, за прв пат пред македонската јавност, „Љубојна” ќе одржи (unplugged) акустичен концерт!
Ова е вистинска прилика за публиката, во една уникатна атмосфера да ги слушне сите големи хитови на “Љубојна”.
Во моментите кога во медиумскиот етер е актуелен спотот за синглот “Севдо Ле” кој е последното остварување на “Љубојна”, овој настан е уникатна можност за вистинско предновогодишно уживање.



