Настани
Урбан ФМ организира музички фестивал: Македонски пејачи и диџеи ќе настапат на првиот „УРБАН ФМ ФЕСТИВАЛ“
По повод првиот роденден на Урбан ФМ Радио во скопскиот Градски парк ќе се одржи УРБАН ФМ ФЕСТИВАЛ, првиот и најголем фестивал на отворено, на нова македонска музика.
Фестивалот ќе има за цел максимално да се обиде да ја оддржи својата радиско музичка константа, да внесе нова авангардна културна содржина на Скопје и да ја запознае широката публика со музичката креативност, уметност и најважно на голема сцена, на отворено да се слушнат бројни жанрови, поджанрови на музика, сцена која ќе биде најдобрата промоција на младите и талентирани артисти од земјата кои максимално ја заслужуваат својата застапеност во медиумскиот етер.



