Настани
Sevdaliza за грандиозно затворање на Skopje Calling 2024!
„Заедно со интернационалната музичка програма Telekom Electronic Beats, за официјално затворање на фестивалот Скопје Колинг и како втор, посебен фестивалски ден имавме голема желба да обезбедиме креативна, независна, авангардна артистка која e пред своето време“, велат организаторите.
Во духот на овогодинешното издание на Скопје Колинг, на кое, се разбира, главната позиција ја има, без никакво претерување легендарната и голема Grace Jones, како артистка позната по поместувањето на граници и креирањето на она кое ние денес го викаме, не само ,,поп култура”, туку и ,,суб култура”, беше повеќе од природно во рамки на официјалното “closing party” на фестивалот да настапи артистка која (како и Grace Jones со нејзиното појавување на сцената) ги поместува културолошките граници на 21 – от век со својата мулидимензионална уметност и навистина креативна и футуристичка визија.
Сиве овие погоре напишани епитети ги има токму SEVDALIZA!




