Настани
Утре на сцената на МНТ: Синергија на младите и искусните џезери
Динамичен спој на искуството на професионалните музичари од Националниот Џез оркестар и новите музички надежи од Факултетот за музичка уметност во Скопје и Џез академијата во Штип, ќе понудат оригинален концертен настап на сцената на Македонскиот народен театар во Скопје, утревечер, на 8 октомври (вторник) со почеток во 20 часот.
Овој несекојдневен концертен концепт ќе понуди иновантни аранжмани со разнородни џез композиции, во кој младите џез таленти ќе имаат можност да го покажат најдоброто, рамо до рамо со професионалните џез музичари.






