Настани
Закажан втор концерт на Петар Грашо во Скопје!
Петар Грашо го распродаде првиот и ќе одржи втор концерт во „Македонска филхармонија“. Вториот концерт е закажан за 27-ми април од 21 часот. Првиот концерт на Грашо е ден претходно, односно на 26-ти април.
Човекот кој во моментов претставува хрватска институција, ќе имате можност да го гледате и слушате во интимен амбиент во Скопје, каде што заедно со симфониски оркестар на сцената во Филхармонија, ќе ги испее своите најголеми хитови и хитовите на Оливер Драгојевиќ.
Музиката е нераскинлив дел од неговата душа, а тој пак е музички илузионист, со тежина која веќе 25 години не може да се измери, но затоа пак може да се препознае и почувствува нејзината вредност. Македонската публика секогаш со овации и со аплауз, воодушевено ги прима изведбите на Петар Грашо, па нема сомнеж дека така ќе биде и овој пат.




