
Настани
Започнува Скопската фото недела – за најдобрата фотографија ќе се доделат 100.000 денари
Започнува Скопска фото недела, врвни фотографи и кинематографи и награден фонд за учесниците од 100.000 денари.
Како што соопштија организаторите, денес во 15 часот почнува меѓународниот настан Скопска Фото Недела. Настанот кој оваа година се одржува по 5-ти пат ги носи најдобрите фотографски и кинематографски имиња кои на јавноста и ги пренесуваат своите искуства бесплатно за сите граѓани на Македонија.
Оваа година заради корона вирусот настанот ќе биде онлајн, а граѓаните ќе може да го следат на следниов линк.



