Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Златна рамка 2023“: 13 македонски филмови ќе бидат прикажани бесплатно

Настани

„Златна рамка 2023“: 13 македонски филмови ќе бидат прикажани бесплатно

Тринаесет македонски филмови снимени лани ќе бидат прикажани бесплатно на петтото издание на „Златна рамка“, информираа организаторите на фестивалот.

Со проширена програма, бесплатни проекции и трибини од 20 до 22 април, ќе се одржи „Златна рамка 2023“, насловена „Во наш филм“, во Кинотеката на РСМ и киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар, во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија.

Новина е што филмски проекции бесплатно ќе бидат прикажани во студентскиот дом „Гоце Делчев“, како и во домот за стари лица „Мајка Тереза“ и во казнено-поправната установа „Затвор – Скопје“.

Оваа година, манифестацијата ќе понуди вкупно 13 филмски остварувања од минатогодишната продукција, од кои три долгометражни филмови, три документарни и седум краткометражни филмови.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.