Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Никогаш не излезе од моите мисли“: Актерката Глен Клоуз би сакала да ја посети Македонија поради овој филм

Сцена

„Никогаш не излезе од моите мисли“: Актерката Глен Клоуз би сакала да ја посети Македонија поради овој филм

Во промотивно видео по повод доделувањето на најважните филмски признанија, Оскарите, повеќе филмски продуценти и актери зборуваа за тоа кој филм ги инспирирал за патување.

Во видеото познатата холивудска актерка Глен Клоуз се одлучила за легендарниот македонски филм „Пред дождот“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски.

-Постои еден филм што се вика „Пред дождот“ и е снимен во Македонија и очигледно е многу стар и многу работи се случувале на таа почва. Никогаш не излезе од моите мисли – рече Клоуз.

Филмот на Манчевски во 1995-та година на 67-мото издание на Оскарите беше номиниран за Оскар во категоријата Најдобар филм од странско говорно подрачје, а ја има освоено престижната награда Златен лав за најдобар филм на Филмскиот фестивал во Венеција.

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.