Сцена
Ништо од повторно обединување на Спајс Грлс
Поранешната членка на Спајс Грлс, Ема Бантон за британски „The Sun“ ги негираше информациите според кои повторно ќе се собере групата и следната година ќе заминат на турнеја, пишува Би-Би-Си.
Весникот пренесе дека на меѓународната турнеја во 2016 година ќе тргнат четири од пет члеки на популарната бенд, затоа што меѓу нив нема да биде Викторија Бекам.
Новинарот Ден Вутон, кој го објави податокот, подоцна на Твитер напиша дека официјалната информација за турнејата ќе ја објави до крајот на годината. Објавено е дека Џери Халивел, Мелани Браун, Мелани Чизом и Бантон планираат да одржат повратничка турнеја, 20 години по првиот хит Wannabe од 1996 година.




