„Spice Girls“ повторно ќе се соберат на венчавката на синот на Дејвид и Викторија Бекам
Сите членови на популарната женска група „Spice Girls“ за прв пат по многу години ќе се соберат на исто место, а причина за тоа е венчавката на синот на Викторија и Дејвид, Бруклин Бекам (22).
Викторија Бекам наводно се погрижила поранешните колешки од групата, Гери Хорнер (49), Мел Би (46), Ема Бантон (46) и Мел Си (48) да имаат место на тој голем ден. Но, сеуште не е познато дали поп групата ќе се обедини и на сцената и ќе настапи на свадбата.
Мел Си минатиот месец зборуваше за можното собирање на „Spice Girls“, инсистирајќи на тоа дека сите нејзини колешки од бендот страсно сакаат да го сторат тоа.




