Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Објавен последниот трејлер за продолжението на Бонд, а познат е и конечниот датумот на премиерата

Сцена

Објавен последниот трејлер за продолжението на Бонд, а познат е и конечниот датумот на премиерата

Објавен последниот трејлер за продолжението на Бонд, а познат е и конечниот датумот на премиерата

MGM Studios го објави финалниот трејлер за „No Time To Die“, последниот Џејмс Бонд филм со Даниел Крег во главната улога.

По повеќе од 18 месеци задоцнување поради пандемијата, конечно пристигна последниот трејлер за филмот „No Time To Die“.

Во ова продолжение, дејството се одвива околу Бонд како ужива во мирниот и повлечен живот на Јамајка. Неговиот мир за жал е нарушен кога од него ќе побара помош агент на ЦИА.

Во трејлерот се прикажани и кубанската sвезда Ана де Армас како Палома, оперативец на ЦИА и негативецот Сафин, кој го игра оскаровецот Рами Малек.

Universal и MGM објавија дека премиерата е закажана за 28 септември во Лондон, а ќе започне да се прикажува во киносалите од 30 септември, додека во САД ќе почне да се прикажува од 8 октомври.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.