Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Објавени номинациите за наградите BAFTA

Сцена

Објавени номинациите за наградите BAFTA

Објавени номинациите за наградите BAFTA

Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА) ги објави номинациите за награди во 2022 година, а водечки филмови се „Dune“ со 11 номинации, „The Power of the Dog“ со 8 и „Belfast“ со шест номинации.

Лејди Гага и Бенедикт Камбербач ќе се борат за награди за најдобар актер и актерка, заедно со новодојдените Коди Смит-Мекфи, Аријана ДеБозе и Адел Ахтар.

Иако филмот „Dune“ доби номинации во повеќето технички категории, тој беше номиниран и за најдобар филм, заедно со „Belfast“, „Don’t Look Up“, „Licorice Pizza“ и „The Power of the Dog“.

Церемонијата ќе се одржи на 13 март во лондонскиот „Royal Albert Hall“, а актерката Ребел Вилсон ќе ја има улогата на водител на настанот.

Целосната листа може да ја погледнете тука.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.