Сцена
Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт
Илјадници обожаватели на американскиот музичар Принс, кој почина во 2016 година од предозираност со лекови против болки, побараа од федералните власти повторно да покренат истрага за неговата смрт.
Петицијата ја потпишаа над 6.000 лица и беше упатена до Канцеларијата на американскиот јавен обвинител.
Организаторите на петицијата наведуваат дека повеќе нешта околу смртта на музичарот се уште не се докрај разјаснети.




