Сцена
Водителката на Евровизија откри дека е позитивна на коронавирус откако и се слошило за време на финалето
Водителката на овогодинешниот избор за песна на Евровизија во Торино, италијанската пејачка Лаура Паузини (48), откри дека е позитивна на Ковид-19 и всушност поради тоа и се слошило за време на преносот во живо на финалето во саботата вечер.
-Да, нешто навистина не беше во ред. Од саботата не се чувствувам добро. Мислев дека тоа е предизвикано од насобран замор, но не било така. Само што дознав дека сум позитивна на коронавирус, поради што сум изолирана и не можам да патувам – напиша таа и додаде дека поради тоа нема да може да учествува на концертот Amor a la Música на Флорида.





