Песните на „Три дигрис“ се омилени на принцот Чарлс
Едни од најомилените песни на прицот Чарлс се, верувале или не, песните од „Три дигрис“.
Во емисијата насловена „Музика и спомени со принцот од Велс“, по повод 73-годишнината од основањето на Институт за јавно здравје во Велика Британија, престолонаследникот ги откри неговите омилени песни од младоста до денес. Една од нив е „Givin’ Up, Givin‘ In“ којашто поп-групата „Три дигрис“ ја извела на неговиот 30-ти роденден.
– Тоа е песна, на која не можеш, а да не почнеш да танцуваш веднаш!, рече принцот Чарлс.




