Музика
Лејди Гага има нов албум: Еве кога ќе излезе „Mayhem“
Пејачката и сопственичка на бројни хитови Лејди Гага го објави датумот на објавување на нејзиниот седми студиски албум. Иако во последните неколку години меѓу нејзините обожаватели беше нарекуван LG7, албумот сега доби официјално име – „Mayhem“.
Гага на својот Инстаграм објави видео со датумот на издавање на албумот, а тоа е 7-ми март.
– Албумот започна како мој начин да се справам со стравот да се вратам на поп музиката што ја сакаа моите најрани обожаватели – рече пејачката. Таа го опиша креативниот процес како „повторно составување на скршено огледало: дури и ако не можете совршено да ги споите парчињата, можете да создадете нешто убаво и целосно на свој нов начин“.




