По бројните шпекулации Северина го потврди разводот со Игор Којиќ
Пејачката Северина и нејзиниот, сега веќе поранешен сопруг, Игор Којиќ, дефинитивно ставија крај на бракот, по бројните индиции дека долго време нешто не е во ред меѓу нив двајца.
Во јавноста се зборува дека тие се разделиле уште лани во октомври. Оттогаш Северина живее во Загреб, а Игор е во Белград.
Имено, Северина сега е официјално разведена, бидејќи и двајцата потпишаа документи за развод, вчера во Загреб, пренесуваат медиумите во регионот.




