Сцена
Почина актерката Катерина Крстева
Македонскиот народен театар (МНТ) информира дека на 85-годишна возраст почина македонската театарска, филмска и телевизиска глумица Катерина Крстева, која меѓу народот беше позната како Мара Попара.
-Со огромно жалење ја споделуваме веста за смртта на актерката Катерина Крстева (1938 – 2023), дамата на македонското актерство – популарна меѓу народот како Мара Попара, по улогата во филмот „Во кафулето кај Гене“.
Катерина Крстева е дел од создавањето на историјата на театарската уметност во Македонија. Нејзиниот препознатлив и ведар дух и лик, како и веселост на театарската сцена и ТВ екраните ја направија миленичка на широката театарска, филмска и телевизиска публика. Како актерка е вработена прво во Драмски театар, за во 1964 година да премине во НУ Македонски народен театар, Скопје, каде останува сé до пензионирањето.






