МК Сцена
ОСКАРОВСКА ГАЛА: Песните што го обележаа Холивуд одекнаа во Македонскиот народен театар
Синоќа, Македонскиот народен театар беше домаќин на втората Оскаровска Гала вечер, каде публиката уживаше во изведбите на незаборавни филмски композиции – песни кои оставиле трага во историјата на седмата уметност како номинирани или наградени со Оскар.
На сцената настапија врвни македонски изведувачи, меѓу кои Наде Талевска, Ана Петановска, Светлана Јовановска, Горан Наумовски, Денис Димоски, Дејан Бобиќ Дексо, Марија Димитријевиќ и Јасна Димитровска, во придружба на Битолскиот Камерен Оркестар IWConnect под диригентската палка на Владимир Димовски. Вокалната група „Полифонија“ дополнително го збогати музичкото доживување, носејќи емотивна длабочина во изведбите.
Музика, танц и киноспектакл во едно
За комплетирање на филмската атмосфера, настанот беше збогатен со импресивни балетски точки од уметниците Саша Ефтимова и Ендрју Кук, како и настапите на танчерите од Dancers United, кои преку своите кореографии ја надополнија емоционалната сила на изведените композиции.




