Сцена
Почина Блек, кантавторот на хитот од 80-те „Wonderful Life“ (видео)
Музичарот од Ливерпул, Колин Вернкомб (53), кој е познат под уметничкото име Блек, почина синоќа откако последните два дена ги мина во кома по тешката сообраќајна несреќа.
Блек ја загуби битката, наведено е на неговиот Фејсбук профил, при што се додадва дека крај неговата болничка постела цело време биле сопругата Камила и трите сина.
Несреќата се случи кога Блек возел од неговиот дом во Скул кон аеродромот во Единбург.



