Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Почина комичарот Боб Сагет, пронајден е мртов во хотелска соба

Сцена

Почина комичарот Боб Сагет, пронајден е мртов во хотелска соба

Почина комичарот Боб Сагет, пронајден е мртов во хотелска соба

Боб Сагет беше на турнеја низ Флорида, неговото тело е пронајдено во хотел во Орландо. Во доцните 1980-ти и 90-тите, тој стана познат по неговите улоги во ситкомот „Full House“ (Полна куќа) и како водител на шоуто „America’s Funniest Home Videos“.

-Ние сме уништени затоа што нашиот сакан Боб почина денес. Тој ни беше се и сакаме да знаете колку ги сакаше своите фанови. Тој уживаше во своите настапи со смеење да поврзе различни луѓе. Молиме за приватност, но и вие со нас да се сеќавате на љубовта и смеата што Боб ги донесе во многу животи.

Со тие зборови семејството се прости од американскиот комичар Боб Сагет (65), чие тело беше пронајдено во хотелот „Риц-Карлтон Орландо“ на Флорида, каде што Сагет беше на турнеја. Според соопштението од канцеларијата на шерифот, немало знаци на насилна смрт или употреба на дрога. Причината за смртта ќе биде утврдена со обдукција, јавува Си-Ен-Ен.

Боб Сагет стана познат во доцните 80-ти и раните 90-ти со улогата на самохран татко Дени Танер во популарниот ситком „Full House“, кој одгледува три ќерки со братот на неговата покојна сопруга Џеси (Џон Стамос) и пријателот Џои.

Голем број негови колеги се простија од него на социјалните мрежи.

 

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.