Сцена
Погледнете го трејлерот за филмот „Педесет нијанси потемно“ (ВИДЕО)
Филмот „Педесет нијанси потемно“ (Fifty Shades Darker) е потпишан од режисерот, Џејмс Фоли по сценарио на Ниел Ленард, а претставува продолжение на приказната за Анастасија Стил и Кристијан Греј.
Двајцата се главни протагонисти на еротската драма „Педесет нијанси сиво“ од 2015 година која е пишувана по истоимениот роман на британската писателка Е.Л.Џејмс.
Продолжението на љубовната приказна Анастасија и Критијан кои ги играат Дакота Џонсон и Џејмс Дорнан, може да се очекува во почетокот на февруари 2017 година, кога ќе пристигне во светските кино сали.



