МК Сцена
Само 6.000 влезници за концертот на легендарниот Жан-Мишел Жар во Скопје
Стартува продажбата на билетите за концертот на легендарниот ЖАН-МИШЕЛ ЖАР во Скопје, кој ќе се одржи на 13ти ноември во ВИП Арената „Борис Трајковски“!
Во густиот концертен календар на Жан-Мишел Жар годинава, исполнет со најголемите и најпрестижните светски концертни подиуми, успеа да влезе и Скопје, со што македонската публика прв пат ќе ја има привилегијата да ужива во неговиот сензационален перформанс наречен „Електроника“, чувствувајќи ја единствената енергија и емоции што произлегуваат од ова уникатно доживување.
Билетите се достапни преку продажната мрежа на МКтикетс и тоа во лимитиран број односно во продажба се пуштени само 6000 билети, а со овој капацитет скопскиот концерт на Жан-Мишел Жар претставува своевиден ексклузивитет во неговата турнеја во чии рамки тој настапува пред повеќекратно повеќе публика.





