МК Сцена
Премиера на „Брзи и бесни“, ФХ3Х дел од 7. продолжение
Македонското студио за анимација и постпродукција ФХ3Х како дел од екипата на MPC Bungalore работеше на седмото продолжение на „Брзи и бесни“, кое утре, премиерно ќе биде прикажано во Скопје, еден ден пред светската премиера.
Снимањето на филмот го одбележа ненадејната смрт на еден од водечките актери Пол Вокер, кој загина во сообраќајна несреќа во ноември 2013. Тогаш филмот „Бесни 7“ беше снимен само до половина, но процесот успешно се комплетира со користење комбинација на снимки од Вокер од претходните филмови и снимање на новите сцени со замени, меѓу кои и двајцата браќа на Вокер, Калеб и Коди.
Новиот режисер Џејмс Ван, кој е познат автор на хорори, го подигна нивото на адреналинските сцени каде визуелните ефекти, ставени во функција на акробациите и лудите каскадерски сцени, создаваат атракција за љубителите на овој жанр.




